G
enby!

Ново, зелено Куманово најавуваат СДСМ и Коалицијата

Димитар Миновски, кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата денеска одржа прес-конференција во Соколанскиот парк каде што ги претстави новиот четиригодишен зелен мастер план за Куманово, субвенцијата за сите граѓани кои ќе одлучат да купат електричен тротинет или велосипед и планираната мрежа од современи сензори за мерење на загаденоста на воздухот. Проектите се дел од програматa кој се однесува на животната средина, под мотото „Време е за ново, зелено Куманово“. „Подготвивме нов зелен мастер план за период 2025-2029 година, кој претставува стратегија за одржлив развој на нашиот град следните четири години. Овој план предвидува: забрана за користење дрва/јаглен за јавни установи – транзиција кон пелети и гас; субвенции за инвертери за социјално ранливи семејства; контрола и санкции за индустриски загадувачи во соработка со Државен инспекторат; Саем „Еко Куманово“ – промоција на зелени технологии, велосипеди, електрични возила; едукација и свест: кампањи за рециклирање, штедење вода и енергија и заштита на природата, поддршка за зелени проекти: пошумување, уредување на паркови и зелени површини; контрола и превенција: следење на квалитетот на воздухот и водата и превенција на загадувањето; поддршка за обновливи извори: инсталација на соларни панели и енергетска ефикасност на јавни објекти; соработка со граѓански организации: вклучување на заедницата во чистење и зачувување на животната средина. Засадување 50.000 дрвја за четиригодишен период. Паралелно,  како втора мерка ја воведуваме субвенцијата од 5.000 денари за сите граѓани кои ќе одлучат да купат електричен тротинет или велосипед. Со ова, сакаме да ја поттикнеме еколошката мобилност и да ги охрабриме кумановци да се движат на здрав, модерен и економичен начин. Покрај тоа предвидовме и безбедни паркинг- зони за велосипеди и тротинети, како и нови велосипедски патеки кои ќе го поврзат центарот со периферните населби. Третата мерка се однесува на она што сите го чувствуваме- квалитетот на воздухот. Ќе поставиме мрежа од современи сензори за мерење на загаденоста на воздухот на повеќе локации низ градот. Сите податоци ќе бидат јавно достапни во реално време преку бесплатна мобилна апликација и информативни панели поставени на главните улици и крстосници. На овој начин, секој граѓанин ќе може да ја следи состојбата со квалитетот на воздухот и да има вистински информации, без филтри и манипулации, кажа Димитар Миновски“, кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата. Follow TV Plus on... • Web:http://tvplus.mk/
• FB:  / tvpluskumanovo   • Instagram:  / tvplus.kumanovo  

Смотрите также