Автопат Кичево-Охрид: Делница Врбјани-Ботун со електричен Renault 5 E-Tech
Замислата беше за празникот Илинден да се извози првата завршена од вкупно 5-те делници на автопатот Кичево - Охрид,. меѓутоа електричниот Renault 5 со реалниот досег од преку 400 километри и полнењето на батеријата од 60 до 100% за 30 минути на брзиот полнач на кејот, ги проширија плановите, па излезе и искачување на Галичица. Мошне освежувачко сознание беше фактот дека Renault 5 E-Tech со едно полнење во Скопје може комотно да извози со Охрид и назад, без потреба од дополнување на батеријата. Renault 5 E-Tech изненади со многу нешта, меѓу другото со возните својства за што во голем дел е заслужна и мултилинк задната оска, а од друга страна со комфорната амортизација. Автомобил на 2025 година во Европа со сите заслуги. Наскоро и останатите содржини што беа снимени со Renault 5 E-Tech.