Нови 68 двокатни автобуси пристигнуваат во Скопје
"Еден дел од новата тура од 68 двокатни автобуси во ретро-стил веќе е пристигната во Скопје. Останатите кои се на грчкото пристаниште Пиреја, етапно ќе се пренесуваат до Македонија. Од Јавното сообраќајно претпријатие велат дека сите 68 автобуси од следната недела ќе сообраќаат низ скопската метропола. Пристигнатите даблдекери се наоѓаат во царинскиот склад на компанијата Макошпед, а министерството за транспорт и врски преку јавен повик бара услуги за избор на шпедитерска фирма што ќе ги заврши царинските постапки. Новата пратка двокатни автобуси нема да подлежи на хомологација бидејќи ваков тип на автобуси веќе се увезени кај нас. Тие веднаш ќе почнат да сообраќаат. До 2013 година се очекува да бидат испорачани уште 64 двокатни автобуси од затворен тип и 16 двокатни автобуси од отворен тип., со што целосно би се реконструирал јавниот возен парк. "