🎙️ СПорткаст ЕП03| Николов и Начевски: Судиме без слушалки, со поглед се разбираме
🎙️ Спортските приказни би биле залудни ако не бидат прераскажани! Водител е нашиот колега Стефан Крстевски, со кој потребата за поголема медиумска застапеност на спортистите, тренерите, судиите и делегатите, спортските новинари, психолозите... решивме да ја преточиме во видео разговори! 🤾🏻Гости во третото издание на „СПорткаст со Стефан“ се најдобрите македонски ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Со Николов и Начевски разговараме за нивните почетоци во судењето, за арбитрирање на европски и светски првенства а ни откриваат и како е да се биде судија на ракометен натпревар во Африка. Исто така ова ракометно-судиско дуо ни откри како е да се дели правда на дерби натпреварите на Пелистер и Вардар во градот на конзулите и дали имаат желба која им останала неостварена. ▶️ СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК ВО 20 ЧАСОТ, нови епизоди на нашиот јутјуб-канал! ❤️ Заследи го нашиот Јутјуб канал за сите следни епизоди! _____ Chapters: 00:00 - 10:24 - За почетоците 10:24 - 11:34 - Колку натпревари имаат отсудено 11:34 - 13:04 - Колку пасоши имаат сменето 13:04 - 19:02 - За судењето на големи натпреварувања 19:02 - 21:04 - За Лино Червар 21:04 - 23:23 - За тепачката на Начевски со Вујо 23:23 - 26:39 - Кој им бил најтежок натпревар за судење 26:39 - 27:41 - За данските судии Хадсен и Мансен 27:41 - 31:00 - За обвинувањата за местење натпревари 31:00 - 32:25 - За сестрите Бонавентура 32:25 - 34:48 - Има ли во Македонија квалитетни судиски парови 34:48 - 38:00 - За Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка 38:00 - 40:55 - Славе и Ѓорѓи судат без микрофон 40:55 - 42:44 - Перспективни македонски судии 42:44 - 47:18 - Ѓорѓи Начевски е претседател на судиската организација 47:18 - 48:30 - За судењето на Пелистер-Вардар во Битола 48:30 - 52:00 - За судењето во Африка 52:00 - 54:45 - Кои им се идните планови 54:45 - 56:27 - За тетоважите на Ѓорѓи Начевски _____ 👁️ Следи ги сите најнови вести од #🇲🇰 и #🌎 на нашиот и ваш портал 🔗 www.slobodenpecat.mk 🌐 👇 Заследи нѐ и на: 👉 Фејсбук / slobodenpecat 👉 Инстаграм: / slobodenpecat 👉 Тикток: / slobodenpecat.mk 👉 Икс: / sloboden_pecat