G
enby!

Апасиев: Владата да ја продолжи постапката за разрешување на корумпираниот обвинител Коцевски

На денешната собраниска седница се расправаше по Интерпелацијата за работата на Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, поднесена од пратеничката група на Левица. Пратеникот проф. д-р Димитар Апасиев, во својот говор ги изнесе клучните критики за неговото нестручно, пристрасно и неодговорно вршење на функцијата, со што тој ја загрозил објективноста, професионалноста и угледот на Обвинителството и придонел за падот на довербата на граѓаните кон оваа важна институција. Меѓу главните наводи беа: селективноста и одложеното постапување по трагедијата во Кочани, политичките влијанија и компромиси со власта, непостапувањето по очигледни случаи на урбанистички криминал, како и внатрешниот хаос и клановското функционирање во Вишото обвинителство Скопје. Професорот Апасиев посочи и конкретни случаи, имиња и податоци од релевантни извештаи кои ја потврдуваат влошената состојба и системската нефункционалност на институцијата. Собранието го прифати Заклучокот дека наводите во интерпелацијата се основани, што е редок случај во поновата македонска парламентарна историја на успешна Интерпелација против актуелен Јавен обвинител на РМ.

Смотрите также