Срце на Дланка С5 Еп.15
Сашо Ризовски е човек кој живее тежок живот денес, а, до својата 25 годишна возраст не смеел да дојде во родната куќа зашто често бил жртва на семејно насилство од страна на неговиот татко. Морал да спие надвор, понекогаш кај баба му и дедо му, но најчесто гладен. Откако починал татко му видно истрауматизиран се враќа во родниот дом каде живеле неговата мајка и двајца браќа. Од 2008 година таа куќа поради долгови од татко му ќе рече тој, е без струја и во многу лоша состојба. Едниот брат заминал од тој дом, а другиот чува крави и ретко доаѓа да преспие во собата на мајка му. Зашто таа скромна куќа има само две соби. А, тој има сопруга и четири деца, од кои двете синчиња учат во Струмица и ги гледа само за распуст, а другиот син е дете со посебни потреби. Пред скоро време му се раѓа и ќерка која има само седум месеци. Од скромната куќа само едната, поголемата соба му припаѓа на Сашо и неговото пет члено семејство. Таа соба му е сиот живот. И кујна, и дневна и спална. И, иако на старите дотраени кревети спијат превиткани по двајца-тројца само да помине ноќта, денот повторно ги враќа во реалноста и на нивниот тежок живот.