G
enby!

[1] Словенија - Македонија 1:4 (13.10.1993)

13.10.1993, Крањ Пријателски натпревар. На 13. октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Стартуваше со блескав триумф од 4:1 против Словенија. Зоран Бошковски - Чоко беше стрелец на првиот гол. Македонија: З.Мицевски, Грозданов, Бабунски, Јаневски, Јовановски, Марковски, Најдоски, Канатларовски, Бошковски, Панчев, Т.Мицевски (замени: Георгиевски, Мемеди, Милошевски, В.Мицевски) селектор: Андон Дончевски Словенија: Симеунович, Блатник, Миланич, Пољшак, Зулич, Чех, Новак, Захович, Жидан, Удови, Флоријанчич (замени: Енгларо, Жупан, Пате, Јерманис, Глиха) Стрелци: Бошковски 3', Панчев 37', Пате 40', Јаневски 48', Канатларовски 51' Македонија е самостојна држава од 1991 година, но две години подоцна доби шанса од ФИФА и УЕФА да настапува како посебна репрезентација. Тогашниот Фудбалски Сојуз на Македонија, сега ФФМ, одлучи првиот меч да го одиграме во Крањ, на гости во Словенија и тоа на 13 октомври 1993 година. Селекторот Андон Дончевски имаше силен состав, тука беа Дарко Панчев, потоа Зоран Бошковски - Чоко, Драган Канатларовски - Цапар, Чеде Јаневски, Илија Најдоски и другите. Тогаш таа Словенија беше лесен залак, ја победивме со 4:1. Тој 13 октомври во Крањ, со златни букви ќе биде запишан како датум на кој стартуваше нашата фудбалска репрезентативна историја.

Смотрите также