Го слушаме гласот на народот за сплотеност-Единствена Македонија ги подржува кандидатитенаВМРО-ДПМНЕ
Вилијам Михајловски член на Извршниот комитет на Единствена Македонија на денешната прес конференција, среда, 29 октовмри 2025 година истакна: Линк до видео: Почитувани присутни, Пред нас, во недела на 2 ноември е вториот круг на локалните избори. Единствена Македонија настапи самостојно со 29 кандидатски листи. Резултатот од освоените гласови и советници не е она што го посакувавме, но да не заборавиме дека спрема Единствена Македонија имаше целосна медиумска блокада а бевме исклучени и од државното финансирање. Но тоа е веќе историја. Сега се поставува прашањето? Што во недела? Единствена Македонија како национална и патриотска партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални интереси, прифаќајќи ја притоа сопствената одговорност пред македонскиот народ која се подразбира за една сериозна партија, во овие значајни моменти не може да стои на страна. Уште на почетокот на изборите тврдевме дека ова не се вообичаени локални избори како во сите нормални држави. Ова е битка да си ја вратиме државата и на локално ниво. Затоа, со големо задволство соопштувам дека Единствена Македонија одлучи во недела, во вториот круг, да ги подржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. А што може да се очекува од една национална и патритотска партија како што е Единствена Македонија која секогаш е на првата линија во одбрана на македонските национални интереси. Посебно се обраќам до кичевчани и гласачите во Брвеница дека не смееме да дозволиме балисти да ја водат општината. Во Кичево и Брвеница има одлични кандидати од ВМРО-ДПМНЕ кои се спремни да работат за доброто на сите - Македонци, Албанци, Турци и сите во Кичево и Брвеница. Зарем ќе заборавиме што и направија и што и прават на Македонија ДУИ, СДСМ и сателитот Левица, сменето е име, идентитет, историја, традиција на македонскиот народ и на крај нас уставобранителите неправедно не фрлија во темните затворски зандани на два века затвор. А лидерот на Левица Апасиев во тоа време јавно се радуваше и ни порачуваше дека ќе висиме. Единствена Македонија го слуша гласот на народот за сплотеност и донесе исправна одлука - да се подржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници. Во ова тешко време за Републиката, потребна е сплотеност. Единствена Македонија со ВМРО-ДПМНЕ може да има милиони причини, наметнати, политички и економски, реални и ирационални, за меѓусебни делби и поделби. Но, сега оставаме се на страна. Ги игнорираме личните и партиските интереси. Имаме повисока цел. Една, единствена мисла е заедничка за сите нас - Љубовта кон Македонија! Република Македонија не ми припаѓа на мене. Јас сум член на Извршниот комитет на Единствена Македонија, но, не смеам да мислам само на партиските интереси и да гледам какви се моите ставови и ставовите на партијата. Овие избори не се битка за поединци и лидери. Затоа, не е важно што мислам јас, што мислат моите сопартијци во Единствена Македонија, не е важно што мисли и Христијан Мицкоски. Македонија е најважна! Кога тоа ќе го разбереме, ги отвораме вратите за решавање на сите наши сегашни проблеми и отвараме простор за иднината на нашите семејства, на нашата единствена татковина Македонија. Браќа и сестри Македонци Да ги зарамниме еднаш длабоките бразди на поделбите и раздори. Да работиме за делото, за Македонија во секој миг и во секоја прилика. Нека овие избори бидат прилика за национално помирување и обединување. Нека биде тоа доказ најповеќе во Брвеница и во Кичево со масовно гласање за каднидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Да живее Република Македонија! Ви благодарам!