G
enby!

101 година мистерија: Кој стои зад убиството на Тодор Александров?

Лидерот на историското ВМРО, Тодор Александров, е убиен на 31 август 1924 година во планините на Пирин под неразјаснети околности. Официјалната верзија за неговото убиство ја посочува Коминтерната и комунистите како организатори на атентатот, со помош на левото крило на ВМРО. Сепак, бројни историчари укажуваат дека против Александров тогаш стоеле повеќе сили – од бугарската влада и војската, преку Белград и Москва, па сè до европските политички кругови. Заговорите и меѓусебните пресметки во организацијата создаваат слика на сложено убиство зад кое стојат повеќе интереси, што и по еден век останува една од најголемите тајни на македонското револуционерно движење. Вечен му спомен на најголемиот великан на ВМРО и Македонија.

Смотрите также