G
enby!

ПОЛН ПОГОДОК С09Е80

ПОЛН ПОГОДОК С09Е80 Полн Погодок Сезона 09 Емисија Бр. 80 Вк. Емисии 520 Емисија поразлична а иста како и сите други, само по една работа се разликува, во оваа емисија немавме: морал, етика и кодекс кој го налага професијата, а имавме СЕ друго. Емисија поразлична а иста, истата борба, само факти и вистина и директна напомена на Македонските спортски проблеми, ама различна поради НЕценењето на нашиот труд. Емисија поразлична а иста како и секоја претходна но со една разлика, а таа е дека и оваа емисија како и сите претходни немавме "МОРАЛ" "ЕТИКА" и "КОДЕКС" не паднавме на ниедно ниво како секој чинител во спортот на кого сега пречиме со емисијата, сме пречеле и претпоставувам дека во иднина ќе пречиме бидејќи се бориме за подобар Македонски Спорт. Емисија со спомнати и имиња и презимиња, федерации, интерес луѓе да бидат спортски работници, колку е спортот профитабилна дејност, емисија која треба да си ја проследите до премиер, сегашни, бивши, до МОК секако дека ќе ја следи, Даниел Димевски и секој кој го засегнува што имаме да кажеме за спортот во Македонија. Ќе дојде време ќе се покаже искаже и прикаже детали кој од овие 12 сведоци за спортски ваучер беше активен со секакви моќници да нема процес, луѓето ќе почнат да зборат а Полн Погодок ќе најави, каже и прикаже, сега да не наштетиме на судскиот процес ќе го следиме како спортска редакција на ТВ Сонце, Спортска емисија Полн Погодок. Во уште една емисија ако ја погледнете ја покажавме нашата култура, етика и кодекс како спортска емисија затоа што само така знаеме да се изразуваме и на ниеден друг начин, така налага новинарската работа кодекс и етика, ако и оваа емисија сме биле НЕЕТИЧКИ значи сме биле и во сите претходни 519 емисии, ние немаме моќни луѓе позади нас да делуваме на спортот како на некој му одговара, ама имаме право да зборуваме, критикуваме, фалиме, истражуваме, изнесуваме и креираме јавно мислење за подобар спорт, и нема ништо лошо ако сметаме како емисија и спортски новинар дека некои работи можда мислиме дека треба да се поинаку. Полн Погодок Секој Понеделник и Петок од 18:30 На Тв Сонце.

Смотрите также