G
enby!

Сотир Лукровски во подкаст со Николоски и Перински: За Карпош со инвестиции и нова енергија

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, угости двајца клучни министри во владата, Александар Николоски, министер за транспорт и врски, и Златко Перински, министер за локална самоуправа. Разговорот се однесуваше на најважните теми за жителите на Карпош и на инвестициите што претстојат за општината. Лукровски ја нагласи својата цел: “Паркинг, чистота, јавен превоз и ред во урбанизмот ќе бидат моите први приоритети. Карпош мора да добие нова енергија и хумано живеење.“ Министерот Николовски зборуваше за важноста на транспортните решенија: „Во план е набавка на 120 еко-автобуси и воведување брз автобуски превоз. Урбаниот развој мора да биде балансиран и во служба на граѓаните.“ Перински потсети дека Владата стои цврсто зад општините: „Со 24 нови проекти и инвестиции од над 10 милиони евра, Карпош ќе добие градинки, инфраструктура и дигитални услуги. Нашата поддршка е за граѓаните, без оглед на партиска припадност.“ Подкастот ја пренесе пораката дека идниот градоначалник и централната власт ќе соработуваат синхронизирано, за Карпош да добие решенија на секојдневните проблеми и нова перспектива за развој. Жителите можат да очекуваат современ јавен превоз, нови паркови, дигитални услуги и повеќе јавни простори за квалитетен живот. Лукровски истакна дека како човек кој целиот свој живот живее во општината, сака да донесе транспарентност и ред: „Јас сум еден од вас, и заедно ќе ја направиме општината подобро место за нашите деца.“

Смотрите также