Осум дена, Струмица во духот на „Струмички карневал 2019“
За карневалот во Струмица се смета дека е многу долга традиција. Тој бил споменат од страна на познатиот отомански патописец Евлија Челебија уште во 1670 година. Како тогаш, така и сега, Струмичани со нетрпение секоја година го очекуваат спектаклот под маски.