Нешто плус со Кате и Македонски народни приказни
Нешто плус со Кате и Македонски народни приказни. Прекрасна емисија, посветена на Македонските народни приказни, стари и нови. Режисерот Драган Вељановски и актерот Кирил Андоновски од старите приказни не потсетуваат на времето кога и како се снимаа старите приказни на чело со легендарниот Ѓорѓи Колозов. Анегдоти, и емоции, незаборавни доживувања кога се снимаа овие легендарни епизоди. Душко Ѓорѓиоски и Шенка Колозова зборуваат за континуитетот на овај легендарен серијал, кој опстојува и егзистира и ден денес, и е најгледан на Македонската телевизија и воопшто во Македонија, од сите генерации од 3 до 103 години! Македонските народни приказни, кои се снимаа во минатото, и кои се снимаат сеуште и ден денес се најгледаното и најсаканото нешто во Македонија. Благодарение на споменатата екипа погоре, ние сеуште можеме да уживаме во магијата на Македонските народни приказни, кои ги прави толку блиски и свои на народот.