ПРОФЕСОРОТ ГО ПРЕКИНА ДОЛГОГОДИШНИОТ МОЛК: Ова е најдобрата емисија за 2024 на Радио Лидер!
Според изборот на Радио Лидер ова е најдоброто издание на Утринско еспресо за 2024. Погледнете го и научете многу! Гостин во емисијата е професорот од Економскиот Факултет при УКИМ, Љубомир Кекеновски. Дознајте за тоа како и дали вештачката интелигенција ќе ја промени економијата? Како Македонија да се прилагоди на новите трговски текови? Кои се најновите откритија на нобеловците по економија? Ретко добар интелектуален разговор на Љупчо Златев со професорите Звонимир Јанкулоски и Љубомир Кекеновски.