360 degrees season 12, show 15 - Интервју со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова
Broadcasted on November 3, 2025 (Monday) on MRT1 at 21.15. Текот на изборниот процес и заклучоците што може да се извлечат од него се воведна тема во интервјуто со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Во контекст на еден од омилените цитати на Сиљановска-Давкова од лордот Ектон дека „власта има тенденција да корумпира, апсолутната – апсолутно“, ја прашуваме шефицата на државата – како да се спречи корумпирање на апсолутната власт на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително засилена по локалните избори, во услови на слаби институции. Разговараме и за најавата на Сиљановска-Давкова дека ќе предложи член на Судскиот совет по усвојување на нов закон како и за предлог-решението во работната верзија на новиот закон дека шефот на државата ќе треба да предлага по најмалку двајца кандидати за едно место во Судскиот совет. Дали конечниот предлог за гувернер на Народната банка беше нејзиниот прв и личен избор, е исто така меѓу прашањата до претседателката. Разговараме и за најавеното спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, за големиот број ДКП-а без амбасадори, како и за пристапниот процес кон Европската Унија.