G
enby!

Модернизација на општина Вевчани

Видеото „Модернизација на општина Вевчани“ е продукт на група младинци од Вевчани кои учествуваа на тродневна видео работилница за млади која се одржа во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани од 22-ри до 24-ти ноември 2019 година. Работилниците опфатија содржини од областа на медиумската писменост, техники за снимање и стекнување на вештини за изработка на видео прилози. За време на тридневните работилници, младите дискутираа за предизвиците и недостатоците на локално ниво и научија за техниките како се снима и монтира кратко видео. Главната цел на работилницата беше да се изработат видеа со кои ќе се подигне јавната свест на одредена тема поврзана со проблемите во локалните заедници. Работилниците се дел од проектот „Empowering youth for social engagement through media“ поддржан од National Endowment for Democracy.

Смотрите также