G
enby!

Македонските амбасади ги водат и трети секретари, а повеќе од третина немаат амбасадор

Шеф на амбасадата на Прага е третиот секретар Ѓорѓи Поп Ангелов. Трет секретар, Исмаил Рахман, ја води амбасадата во Доха. Во мисиите при УНЕСКО и ФАО земјава нема ниту амбасадор ниту дипломат. Од вкупно 60 ДКП-а (амбасади, генерални конзулати и постојани мисии) земјава нема амбасадор во 30. Тоа е состојбата на 12 август 2025 година, кога „360 степени“ го доби одговорот од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија по нашите барањата за пристап до информации од јавен карактер Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вели дека во меѓувреме веќе се именувани осум амбасадори за дел од испразнетите места. Ветува дека го првата половина на следната година пополнетоста ќе биде над 80%. Причината за актуелната сотојба, вели тој, е природниот одлив и враќањето на неколкуте амбасадори кои беа упатени во мисија без да бранат тези во Собранието

Смотрите также