РАСПЕАНИ БЕЛЕШАНИ ВИДЕО ОД 1973 г
Распеани Велешани 1973 година видео на (МРТ) Македонската Радио Телевизија Наследството што ни го остави Ало Тончов и аманетот „велешката песна не смее да умре“, се уште се чува и негува. Страрите Велешки песни мора да опстанат за следните генерации ! Велешката Чалгија и Ало Тончов Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век Велес звукот на Велес го создаваше славната чалгија. Составена од надарени музичари, славните велешки чалгаџии како Јован Тончов, кој свирел на дајре, Ордан Канонџијата и Никола Крле на кларинет подоцна на виолина, Јован Тончов на кларинет, Ванчо Бочвар на виолина, Ристо Трипчев на флаута, Исмаил на дајре и Ало Тончов на кемане. Членовите на музичкиот состав кој имале среќа за свој учител да го имаат виолинистот Арсо кеманџијата во 1902 година успеале да го воодушеват султанот во Стамбол. Тие зад себе оставија музички легенди чија изведба и денеска се слуша со почит и респект. За чалгијата на Ало Тончов, последниот од најпознатите чалгаџии во чии раце се наоѓала виолината и кемането, велешани сеуште раскажуваат. Вистинска убавина за очите и ушите биле настапите на овие ненадминливи мајстори без кои не започнувала свадба во градот. Кога на музиката и познатите ора како Рамно и тешко велешко, Калајџиско, Башиноселско, Елбасанско оро, Кавадарка и други ќе заиграле убавите и надарени велешки моми и ергени, свадбите и славите биле вистински свечености во градот. Чалгијата во овој период била составен дел на секоја семејна веселба или јавна манифестација. Традицијата денеска ја продолжуваат музичарите во фолклорните анасмбли. Ансамбл „Распеани Велешани“ Ансамблот „Распеани Велешани“ е основан во 1971 година. Пеачката група на ансамблот денеска брои 30 активни членови, а музичката група-чалгијата, шестмина. Ансамблот ја негува староградската песна од Велес и велешко, како и од повеќе региони на Република Македонија. Музичката група на ансамблот свири на оригинални инструменти меѓу кои преовладуваат кларинет, виолина, дајре, џумбуш и ут. Ансамблот „Распеани Велешани“ учествувал на повеќе реномирани фестивали во земјава и на просторите на поранешна Југославија. Тој има освоено повеќе престижни награди меѓу кои и прва награда grand prix на фестивалот „Илинденски денови“ одржан во Битола, во 2002 година. „Распеани Велешани“ имаат издадено две лонг плеј плочи и едно цд со изведба на староградски песни.