G
enby!

1000 години Охридска Архиепископија live

Извадок од преносот во живо за настанот „1000 години Охридска Архиепископија“ Во неделата и понеделникот, на 27ми и 28ми мај, лето Господово 2018-то, во древниот и прекрасен Охрид, со големи торжества се прослави многу значајниот и редок јубилеј – 1000 години од основањето на светата Охридска Архиепископија, чијашто автокефалност денес е возобновена во лицето на Македонската православна црква. По тој повод во соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ се одржи свечена Академија, на која свое обраќање упати: Н. Б. Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Н. В. Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорге Иванов и Претседателот на Владата на Р. Македонија г. Зоран Заев; Исто така во храмот Света Софија, се одржа концерт на камерениот оркестар на Македонската филхармонија и заеднички настап со монашките хорови на братство на Бигорската Обител и сестринството од Рајчица и Пречиста.

Смотрите также