Монашење на сестра Теодосија во Пречиста 21 септември 2023
На 21 септември, 2023 на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во Пречиста, Кичево, се случи свештеното монашење на сестра Теодосија. Божествена благодат ја исполни обителта, а радоста се отсликуваше на лицата на сите присутни. Поклониците, кои дојдоа во слава и поклонение на Пречистата, трепереа од духовната возбуда. Пресвета Богородица, присутна со Својата благодат, со топла љубов ги исполнуваше срцата на сите. Најсилно, таа ја прегрна својата нова монашка рожба, која духовно беше родена и воспитана за монашки подвиг од нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј. Во присуство на старешинката на Обителта, монахиња Харитина, сестра Николина ги положи своите монашки завети пред светиот олтар. Од рацете на Високопреосветениот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, ја прими монашката схима, облекувајќи ја светата облека на сиромаштво, девственост, послушание и духовна радост. Новопотстрижената сестра го доби името Теодосија, во чест на Преподобномаченица Теодосија Константинополска, која сега стана нејзина застапница пред Бога. Исто така, името Теодосија беше дадено во чест на блаженоупокоениот игумен Теодосиј, ктиторот на манастирскиот храм од 1848 година. 📹 Видео продукција: Александар Пауновски, Никола Грнчаров 🎶 Музика: Петар Христов 🚁 Дрон: Дарко Цветаноски https://bigorski.org.mk/vesti/bogoslu...