Живот под отворено небо
Повеќе од 120 луѓе живеат под отворено небо кај скопското Кале. Ова е најголемата населба со бездомници во Македонија, во која најмалиот бездомник има само два месеца. Во Европскиот суд за човекови права е поднесена пријава против Македонија за тортура кон овие луѓе.