G
enby!

Како се станува познат во Македонија? | Стефан Николовски & Томски во РеТрн ДУО

Нова епизода, нова доза смеа! Овој пат во РеТрн ДУО ни гостуваат двајца од најомилените ликови на социјалните мрежи во Македонија – Стефан Николовски и Томски! Ако сте на интернет, сигурно барем еднаш сте се смееле на нивните видеа. Или два пати. Или секој ден. Како Стефан кој по професија е актер дојде до идејата да го освои просторот на социјалните мрежи? Тој е дел од актерската екипа во Велешкиот театар и Театар Комедија во Скопје – па доколку сакате да го гледате на сцена, посетете ги овие театри и уживајте во претставите во кои тој глуми. Како Томски решил да ја започне својата приказна на интернет? И – дали целата оваа авантура вреди? Се исплаќа ли трудот што стои зад секое хумористично видео? Во оваа епизода дознаваме: • Како се роди идејата за Виц Битка и зошто народот ја обожава? 🔥 • Колку се погодени од хејт коментарите и имаат ли рецепт за преживување на интернет? • Ако не би го работеле ова, која би била нивната професија? • Што би им препорачале на младите што сакаат да тргнат по нивниот пат? Очекувајте искрен муабет + двојна доза хумор. Томски & Стефан Николовски во РеТрн ДУО – притисни PLAY и смеата почнува!

Смотрите также