Бел Рај (с. Миравци, Гевгелиско)
Бел Рај е месност и излетничко место над селото Миравци, во југоисточниот дел на Македонија. Местото е сместено на Стара Река, на која се наоѓаат природни базени помеѓу карпите. До месноста може да се дојде преку асфалтен пат од селото Миравци во насока на селата Петрово и Габрово. Месноста катастарски е во атарот на селото Петрово. Сместена во кањонскиот дел на Стара Река, се наоѓа веднаш под мостот на реката на асфалтниот пат кој води од Миравци.