360 degrees season 12, show 01 - Интервју со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
Broadcasted on September 15, 2025 (Monday) on MRT1 at 21.00. Во првото издание од новата сезона на емисијата „360 степени“ гостува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тема е пожарот во објектот за електронски отпад во Трубарево, досегашните сознанија на полицијата, наводите на премиерот дека „вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот што следува, затоа што има центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа влада да успее“, како и тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека зад пожарот стои „злосторничкото здружение СДС-ДУИ“. Разговараме и за проектот „Безбеден град” и „Безбедна држава”. Прашуваме дали ќе се воведе конфискување возила за потешки сообраќајни инциденти. Тема е и објавата дека Панче Тошковски ќе магистрира на Правниот факултет при УКИМ со труд што се однесува токму на ова прашање. Разговараме и за: случајот со испитниот центар за возачки испити во Битола, кој му беше доделен на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево; тендерот за набавка на униформи за специјалците кој го следеа контроверзии; набавката на 120 возила „пежо 408“ за МВР.