Цементарница 55 - Победа 1:3 (23.05.2002) [Куп на Македонија 2001-02 финале]
23.05.2002, стадион Младост - Струмица Финале на фудбалскиот куп на Македонија 2001-02. Фудбалерите на прилепска Победа го освоија десеттиот јубилеен Куп на Македонија, откако во финалето во Струмица, ја победија екипата на Цементарница 55 со 3-1. Ова е прв трофеј на прилепскиот прволигаш во историјата на клубот. До победата прилепчани дојдоа во самиот финиш на натпреварот, а трите гола ги постигнаа по прекин - двапати од слободен удар и еднаш од пенал. - Среќен сум што како тренер на Победа го донесовме првиот трофеј во Прилеп. Откако ги загубивме шансите за шампионската титула целото внимание го свртевме кон купот. Нашите играчи беа крајно мотивирани да го освојат првиот трофеј во историјата и сметам дека заслужено победивме. Сакам да му честитам на противникот за добрата игра, кој докажа дека има добра екипа со квалитетни играчи и добар тренер - изјави Мирсад Јонуз. Цементарница 55: Кметовски, Димитровски, Христовски, Чолаковиќ, Цветковски, Блесинг, Деспотовски, Бегановиќ, Толески, Јакимовски, Савов (замени: Гроздановски, Наумов, Трпковски) тренер: Зоран Стратев Победа: Пеиќ, Мицевски, Ристевски, Ќумбев, Батоз, Николаевски, Каранфиловски, Здравески, Ѓорѓиоски, Крстев, Ѓокиќ (замени: Жилсон, Мегленски, Главески) тренер: Мирсад Јонуз стрелци: Ѓокиќ 21', Толески 78', Ќумбев 86’, Ристески 90’