Јасна: Кога прв пат дојдов во Осло, почувствував дека тука припаѓам
Јасна ја започнува својата приказна со Скандинавија, во едно мало, но живописно место во централна Норвешка. По помалку од 2години, заедно со своето дете, како самохрана мајка, од таму се преселува во Осло. По вокација е стоматолог, професија која ја практикува и во Норвешка. Тука раскажува како ја носи одлуката да остане да живее во Норвешка како самохрана мајка и како сама создала живот за себе и своето дете далеку од татковината.