Копачка Драмче, Орото Копачката мажи на Илинден 2023 во с. Звегор, Делчево
На концертот изведен од страна на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче, Делчево, во Манстарскиот комплекс Св. Илија во с. Звегор, покрај другото се играше и машкото оро „Копачка“ на тапани, кое е регистрирано национално и светско културно наследство, заштитено од УНЕСКО со впишувањето во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото.