Срце на Дланка С5 Еп. 21 - Сакам само АНДРЕЈ да ОЗДРАВЕЕ
ДОНАЦИСКИ БРОЕВИ 143 - 181 - ТЕЛЕКОМ 143 - 465 - А1 Moжете да донирате и на https://bit.ly/za-andrej
Пред пет години едно дете дојде на овој свет. Едно дете едвај чекаше да ги научи првите зборови и да изговори мамо! ЕДНО ДЕТЕ само што ги научи првите чекори и почна да влегува во безгрижниот свет. На едно дете детството му заврши и пред да започне. Судбината сакаше тоа дете да минува низ тешки и надчовечки предизвици. Високата температура од 43 степени таа кобна ноќ го изгореле мозочето на 2,5 годишниот Андреј од Тетово. Мајката Рената во паника веднаш со Брза помош заминала на Клиниката во Скопје. Таму храбриот Андреј цели два месеци лежел во тешка состојба на интензивна нега, а семејството било во неизвесност дали ќе се разбуди. И, додека сите бдееле над него, и доктори и семејство, а најмногу неговата мајка, состојбата на Андреј доби име, а Андреј дијагноза-церебрална парализа. Оттогаш минале две години. Андреј е сеуште среќа на неговата мајка, сестричка , баба и дедо. Но, тој повеќе не е она весело дете кое се радува и зборува. Тоа е заковано за инвалидска количка, додека во својот свет можеби се моли повторно да застане на нозе како некогаш.