G
enby!

ПОЛН ПОГОДОК С10 Е76 САМО 600 ЕМИСИИ ЗАД НАС, ЕДНА ПОИНАКВА, А СЕПАК ИСТА ЕМИСИЈА СО СПОРТСКА ПОУКА.

ПОЛН ПОГОДОК С10 Е76 САМО 600 ЕМИСИИ ЗАД НАС, ЕДНА ПОИНАКВА, А СЕПАК ИСТА ЕМИСИЈА СО СПОРТСКА ПОУКА И ПОРАКА. 600 - та Емисија на Полн Погодок, веројатно како бројка и не е голема толку многу затоа што сигурно сите ние имаме направено по нешто во животот 600 - пати, но ретко кој изнел 600 - емисии за спортот и неговото функционирање во Република Македонија. Сметам дека е бројка која не треба да е занемарлива и поминавме многу политички спортски бури и функционери но какви и да биле околностите не застанавме дури и непријателот кога сакаше да ни е пријател сме пружиле, сум пружил рака но и понатаму сум останал истиот, затоа што некој видел колку работи има Полн Погодок а не ги изнесува и тука беше сфатена цела игра дека сме сериозна емисија, и она што е најважно секој барем многумина разбраа дека сме немале ЛИЧНО против никого, туку начинот на кој работат додека биле функционери во спортот, тие што имале лично и лично сум ги средил работите. Да 600 - та емисија па описот ќе биде и подолг па така за оваа емисија дневниот ред е следен: Ситуацијата со АЕК, се освен титула за Алкалоид е преседан и дискриминација на ракометниот спорт од страна на ЕХФ. АК Вардар следете ги сите активности на овој атлетски клуб на кој страната им ја снема па сега одново е активна, следете ги дечките се трудат во спортот. Фудбал ајде малку и за него ТВ Правата во Хрватска споредено со ТВ Правата во Македонија. Тука прво нека почне ренесансата во фудбалот која се најавува. Предизвик за новото раководство? Фудбалска Сезона рекапитулар очекуван сите среќни и задоволни, оние несреќните заминаа а можда ќе се вратат, фудбалски недозволиво работи и оваа сезона. Спортот на суд со цело негово финансирање а интересот спојува НЕможни работи на прес конференции, додека интересот од новинарите за спортски ваучер до сега некако " ИМ Е ГАЈЛЕ " или пак не смеат да зборуваат за суштината на корупцијата за Македонскиот Спорт - веројатно забранета тема. На крајот од овој опис од оваа 600 - та емисија сакам да знаете дека сите сте Полн Погодок од мене до Јовица, Блуз, Игор, Владо, цело ТВ СОНЦЕ, цела јавност и сите оние кои барем сте погледнале еднаш некоја емисија, жртвата за емисијата кај сите е различна јас си знам најдобро но сепак цената е таа корупцијата е преголема и не е застаната во Македонскиот Спорт и се додека се шепка а не се говори ГЛАСНО ќе доминира политиката. За таа корупција и борба во рекордно време се вративме од тешката операција на срце но за жал ПОГОЛЕМ БРОЈ НА НЕБЛАГОДАРНИ луѓе запознав отколку луѓе кои почитуваат и сакаат спорт. Се гледаме во Петок со последната емисија на Полн Погодок во 10 сезона, а дали ќе се гледаме во 11 - та сезона...тоа би требало само ќе кажам во овој момент. Ви благодарам на сите што сте дел од Полн Погодок. Полн Погодок Секој Понеделник и Петок од 18:30 На Тв Сонце.

Смотрите также