G
enby!

НОВИ СТАНДАРДИ НА ИВФ ЛАБОРАТОРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!

Понекогаш, најважните работи за успех во ИВФ случаите не се само оние што први паѓаат во очи, во ИВФ процесите постојат невидливи, но клучни услови кои ја создаваат фината рамнотежа што води до успешните ИВФ приказни 💯 Контролата на воздухот, протокот на медицински гасови, стабилноста на температурата и стерилноста во крио-просториите се темелите на лабораториска прецизност каде во Болница Плодност условите ги поставивме според најновите светски стандарди, единствените во државата. Во нашиот нов ИВФ оддел имплементиравме напредни системи за: 🔹 филтрација на воздухот (HEPA + ULPA филтри) со цел постигнување ISO Class 6 чистота 🔹 контролирана вентилација со ламинарен проток 🔹 стандардизирани доводи на медицински гасови со стабилен притисок 🔹 специјално изолирана cryo-соба со независен систем за одржување на температура и хигиена ❗️Сите овие услови играат исклучително важна улога во секој чекор од ИВФ процесот. Ова за нас не е само нов оддел, но и наш залог да направиме секој ембрион, секој обид чекор поблиску до успехот за овие парови. ⏯️ Во продолжение, ембриологот Горан Стефановски објаснува како изгледа кога технологијата, стандардите и визијата ги споивме во една цел и го издигнавме ИВФ третманот во Македонија, рамо до рамо со водечките светски центри

Смотрите также