КОЧАНИ - Нашиот морален компромис
Низ досега необјавени снимки сторијата не само што не води низ ужасите од ноќта на масовната загуба и осакатување на млади животи од Кочани, туку и преку досега необјавени документи од истрагата откриваме како делувале оние кои треба да не заштитат - инспектори, обвинители, политичари. Знаеме што ќе кажат: „Вие се мешате во избори.“ Ние велиме: „Да, тоа ни е работа. Ова не е политика. Ова е новинарство.“ А новинарството никогаш не смее да чека „подобро време“. Објавувањето на ваквите стории во светло на изборите е единствената можност да се осигураме дека за време на кампањата реалноста на обичните луѓе и нивните проблеми ќе има шанси да влезе во јавната дебата. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината за корупцијата, негрижата и неказнивоста пред да одлучат кому ќе му дадат доверба. Кампања без вистинско и храбро новинарство не е изборна кампања која што на општеството ќе му помогне во колективната себе-рефлексија која што на македонскиот систем очајно му е потребна, туку само уште една скапа парада на билдање имиџ на нереални ветувања. Бори се со нас, бори се за себе! За да ја поддржиш нашата работа донирај на: irl.mk/doniraj 2025 © Investigative Reporting Lab Читај на: irl.mk