Штафета на младоста - Кочани 1982 г. (Stafeta na mladosta - Kocani 1982 g.)
Голем народен собир на плоштадот “Маршал Тито“ по повод дочекот на штафетата на младоста - април 1982 година. Во вториот дел од снимката е положување цвеќе на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во градскиот парк од ученици од тогашното ОУ “Моша Пијаде“ (денес “Св. Кирил и Методиј“) по повод 25 мај - Денот на младоста и приемот во пионерската организација. На крајот е свеченост и прием во поранешната касарна “Гоце Делчев“ во Кочани по повод 22 декември - Денот на ЈНА.