СДСМ: Целосна реконструкција на градскиот пазар
На градскиот пазар денеска прес-конференција одржа Александар Јовановски, кандидат за советник на СДСМ и Коалицијата. Јовановски предизборно го најави проектот - целосна реконструкција на пазарот, со изградба на нов современ подземен паркинг и нови деловни простории. „Подобрите услови значат повеќе клиенти и зголемена продажба; подобрување на урбаниот изглед на оваа градско подрачје; поголема функционалност и безбедност за сите граѓани и што е најважно- создаваме пазар со душа, каде традицијата и современото се спојуваат на вистински начин без губење на својата автентичност. Ова не е само градежен зафат, ова е инвестиција во животот на нашиот град, во локалната економија и во секој еден граѓанин кој секојдневно поминува тука. Согласно Програмата, буџетот за овој проект изнесува 120.000 денари, вклучувајќи материјали за работа и технички надзор, со рок за реализација од 36 до 48 месеци, во зависност од фазите на изведба и условите на терен. Најголема корист од овој проект ќе имаат: трговците кои ќе добијат современи, уредени и безбедни деловни простории, со подобра инфраструктура и услови за работа, посетителите и купувачите, кои ќе уживаат во почист, попростран и модерно организиран пазар, со лесен пристап и подобрена безбедност, жителите на поширокото градско подрачје, кои конечно ќе го решат хроничниот проблем со паркингот и сообраќајниот хаос, благодарение на новиот подземен паркинг. Со овој проект не само што инвестираме во објект, туку инвестираме во урбана модернизација. Реконструкцијата на пазарот ќе значи: поттик за локалната трговија и економија, бидејќи подобрите услови значат повеќе клиенти и зголемена продажба; подобрување на урбаниот изглед на оваа градско подрачје; поголема функционалност и безбедност за сите граѓани и што е најважно- создаваме пазар со душа, каде традицијата и современото се спојуваат на вистински начин без губење на својата автентичност. Затоа, ве повикувам сите- трговци, граѓани, млади, пензионери, да го поддржите овој проект, да ја поддржите програмата на Мартин Костовски и Советничката листа на СДСМ и Коалицијата, за сите нас, за нашиот град, за нашиот дом“, истакна Александар Јовановски - кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата. Follow TV Plus on... • Web:http://tvplus.mk/
• FB: / tvpluskumanovo • Instagram: / tvplus.kumanovo