Гласот на нашите предци - краток филм на Горан Марковски
Краток филм кој му го должевме на нашата македонска публика! "Гласот на нашите предци" Збирка народни сведоштва. Видео записите кои ќе ги проследите се архивски снимки на Македонската Телевизија од различни емисии направени со живи сведоци на борбите за македонска државност. Филмот е поделен во два дела. Прв дел - Илинденска епопеја Втор дел - Под српска, бугарска и грчка чизма Обрнете внимание во делот каде што нашите стари јасно говорат кои се и што се и дека биле наполно свесно за својот идентитет, МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНЦИ и МАКЕДОНСКО. Обрнете внимание на делот како нашите стари уште од турско време убаво го говорат македонскиот јазик кој ние во целост и без никакви измени сме го наследиле од нив! Овој филм ги разбива сите непријателски пропаганди насочени кон Македонија и Македонците! Комплетна идеја за овој краток филм, избор на сцени, монтажа на слика и тон: Горан Марковски Ви прикажува: Жива е Македониiа (Сите права се задржани*)