Мециновиќ: Ако победи ВМРО-ДПМНЕ, тогаш урбаната мафија ќе владее со Скопје
➡Со сета почит кон мојата против кандидатка г-ѓа Каја Шукова сметам дека мојата платформа резонира со оние луѓе кои го дадоа својот глас за неа. Така што јас отворено ги повикувам во вториот круг да го дадат својот глас за мене и генерално да се гласа опозициски во случајот на Град Скопје затоа што тоа е потребно на Македонија. ➡ВМРО-ДПМНЕ го има блокирано секој обид за нормално функционирање на Град Скопје преку Советот, но и преку надзорните, управните одбори на јавните претпријатија. ➡Треба да одбереме политичка опција која не е во спрега со овие приватни интереси. Јас отворено ќе кажам, доколку ВМРО-ДПМНЕ победи, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е урбаната мафија, тогаш урбаната мафија ќе ни го изготви ГУПО-от. ➡ Дивоградбите се еден феномен кој ретко каде го има на континентот. Мислам дека ние сме некако ендемски. Дивоградбите не смеат да постојат. Јас како градоначалник сметам дека градот не треба да дава амин на никаква дивоградба, на тоа сето треба да се работи во комбинација со МВР.➡ На 10-ти септември премиерот Мицкоски ни обелодени кој е големиот план зад ова што се случува четири години, а тоа е приватизирање на комуналните претпријатија, вели за „Трилинг“ кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ.