„Патот на Животот“ со o. Ивица T. и Душко K. тема: За храбрата средба со самиот себе си
Видео од радио емисијата „Патот на Животот“ со презвитер Ивица Тодоров и Душко Кралевски! Емисијата е посветена на храбрата, но и искрена средба со самиот себе си, средба која е почеток на духовниот живот на личноста, но и почеток на ПАТОТ кој води кон вистината и животот! ПО ПАТОТ ВО ОВОЈ СВЕТ Во обид да ме грабнат од Патот! Во обид да ме ограбат од МЕНЕ! Е нема! По Патот си одам, зашто нема друг пат освен Патот! Патот е внатре! Патот е во МЕНЕ! Патот е созревање! Патот е сознавање! Патот е очистување! Патот е овистинување! Патот е вечниот процес во ЈАС! Ограден, и од тоа што ЈАС не сум, а и од туѓата лага си чекорам внатре кон таму! Радост! Си чекорам живеејќи и за другите и за себе, по Патот! И тоа да ти бил ЖИВОТОТ!
 
  
             
  
             
  
             
  
             
  
            