G
enby!

КУД "РАЦИН" - Кичево - Меѓународен Фестивал на традиционален фолклор ТОДОРИЦА 2024 г.

Меѓународен Фестивал на традиционален фолклор ТОДОРИЦА 2024 г. Оваа година се претставивме со сценска адаптација од Свадбениот обреден циклус од пределот Кичевија попратена со ред обичаи: пукање три пати со пушка, заигрување на бајракот, забричување на зетот, "Зетовско оро" предводено од зетот, заигрување на свекрвата со сито-"Свекрвино оро"и "Дошло Писмо" како мешано оро. Целата сценска адаптација е попратена со инструментите гајда и тапан. Нашите девојки ја испеаа и обредната акапела песна "Млад зет ми се бричеше". Благодариме на стручната жири комисија за доделеното ІII (Трето) место на овој фестивал! За многу години ТОДОРИЦА!!

Смотрите также