Беседа - XXXV - Четирите јуначки вредности: ВИСТИНА | ЉУБОВ | ПРАВДА | СЛОБОДА
Во триесет и петтата епизода на Беседа ги разгледуваме четирите вредности како меѓузависна целина: Вистината како ориентација, Љубовта како енергија, Правдата како структура и Слобода како простор – кога една отсуствува, останатите се изобличуваат. Вистината е усогласеност меѓу знаење и живеење, што на врвно ниво значи пребивање во присуство/свест наместо во его; практично се живее низ искреност, работа на себе и тишина како критериум за вистинитост. Љубовта е емпатија, прифаќање и идентификација со битието; таа ослободува од посесивност и зависност и се практикува како грижа, простување и здрава себељубов што ја прави вистината поднеслива. Правдата е одржување на баланс против ентропијата – пропорционалност кон себе и другите и врвна интелигенција на надконцептуалноста, каде хармонијата е критериум и казната е последица, не цел. Слободата не е анархична „апсолутна слобода“, туку внатрешна власт за автентична експресија; дисциплината е пат кон слобода, а врвот е слобода од ропството на умот (деидентификација од его), за доброто да избира преку нас. Вистина без Љубов станува суровост; Љубов без Вистина – изгубеност; Правда без Слобода – ригидност; Слобода без Правда – хаос; затоа Вистината ориентира, Љубовта дава живот, Правдата дава рамнотежа, Слободата остава простор. ― ― ― ― ― ― ― ― ― Менторска програма Беседа, за личен и заеднички раст и развој. Контакт: beseda-beseda@proton.me ― ― ― ― ― ― ― ― ― Spotify: https://open.spotify.com/show/5VoczfD...
Facebook: / beseda.podkast X: https://x.com/BesedaPodkast
Odysee: https://odysee.com/@beseda
Rumble: https://rumble.com/c/c-7303816
YouTube: / @besedapodkast Telegram: https://t.me/besedapodkast
RSS: https://anchor.fm/s/ffcf15c0/podcast/rss
― ― ― ― ― ― ― ― ― НАПОМЕНА / ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: На кратко: ние (авторите и гостите на Беседа) сме целосно и единствено одговорни за нашите размисли, расудувања и постапки; па така и ти, што нѐ следиш, си целосно и единствено одговорен за твоите. ― На долго: ништо што е искажано во оваа емисија не може да се сфати како професионален или меродавен совет од аспект на здравје, лечење, медицина, психотерапија, начин на живот, расудување, носење животни одлуки, превземање постапки, и било какви други животни активности. Секоја одлука или постапка која следачите или било кој или што друго би ја превзеле е направена при целосна нивна и само нивна решителност и чиста свест, и со тоа во целосна и само нивна одговорност. Беседа и нејзините автори и гости не превземаат ниту прифаќаат никаква одговорност, било морална, правна или каква друга, за последиците кои би настанале од одлуките и постапките на следачите на Беседа или другите, без разлика на тоа дали истите ги направиле инспирирани или подтикнати од следењето на епизодите. Ние или било кој друг ниту можеме ниту сакаме да предвидиме кој човек, група, организација или ентитет каков заклучок, одлука или постапка ќе направи непосредно или посредно во однос на нашата емисија, и дали истите ќе бидат позитивни, неутрални или негативни, правни или противправни. Затоа, целосната одговорност за постапките на другите им паѓа ним, никако нам.