Срце на Дланка С4 Eп. 7 Никогаш во животот не сум пробала смоки и кифла од продавница!
078298570 Контатк телефон Мери. Најголемата болка за еден родител е да не му обезбеди достоинствен живот на своето дете. Можеби несреќно било детството за Блаѓе Николовски од Секулица, Кратово, но, уште понесреќно е детството и младоста на неговите три деца Марио, Кети и Лука, кои во време кога некои деца имаат се, тие не можат да си дозволат ниту обична кифла и вода. Семејството Николовски од село Секулица, Кратово, која ја растревожи нашата јавност и луѓето во дијаспората. Храна и облека е краткотрајно решавање на проблемот. Да помогнеме да се собере потребната сума средства за скромна куќа во Градот, за да функционираат нормално и полесно да се вработат таткото Блаѓе и синот Марио.