Свечена обврска (заклетва) на првата генерација војници на АРМ, Охрид 17.05.1992
Погледнете како изгледаше охридската касарна каде во 1992 година свечена заклетва-обврска дадоа војниците-регрути од првата генерација на АРМ како и првиот регрут- припадник на Армијата на Република Македонија, Панче Јамандиев од тогашен Титов Велес. Тој бил првиот војник на новата македонска армија кој воениот рок го започнал во охридскиот гарнизон а бил дочекан од првиот командантот на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба. Тогаш, покрај министерот за одбрана на РМ, Трајан Гоцевски, присуствуваа и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Митре Арсовски, командантот на корпусот, полковник Панде Петровски, пратеници во македонскиот парламент од Охрид и Струга, претставници на Сојузот на борците од НОБ, претставници од полицијата и другите државни органи, бројни граѓани и роднини на војниците. Пред свечената заклетва, рапорт на министерот Гоцевски, му предал командирот на касарската стража на охридскиот гарнизон, капетан Зоран Костовски. Видео записот е направен од снимателот и видео хроничар, Симон Карамешиноски.