Советувалиште за деца и семејства- СОС Детско село
Општата цел на Советувалиштата е на децата кои се изложени на ризик да ја изгубат грижата од своето семејство од град Скопје, да им се овозможи да растат во грижливо семејно опкружување. Со тоа примарен фокус е ставен на спречување на раздвојување на децата од биолошкото семејство.